Дали управувате со своите деловни процеси?

Се почесто во деловниот живот се споменуваат поимите како: деловен процес, процесен пристап, процесна организираност…но и реинженеринг на деловните процеси, како и управување со деловните процеси. Сево ова набројано во коренот на значењето го содржи процесот, кој, судејќи по се, стана значаен дел од делувањето на секоја организација.

Управување со деловните процеси

Управувањето со деловните процеси во денешниот свет стана неопходност. Потребата за навремено реагирање на промените на пазарот, наметнува потреба за специјализирани апликациски алатки кои обезбедуваат управување со деловните процеси.

Освен тоа што таквите алатки му обезбедуваат на менаџментот на компанијата избегнување на огромни недоразбирања помеѓу деловниот и информатичкиот сектор, тие обезбедуваат и моментален увид во состојбата на системот преку приказ на статусот на сите дефинирани деловни процеси.

Ваквата методологија се повеќе го менува традиционалниот начин на работење, а на менаџментот на компанијата му обезбедува пазарна посветеност во однос на конкуренцијата.

Управување со деловните процеси (Business Process Management) е методологија за управување на организациите преку систематски и континуирано подобрување на деловните процеси и операции. Насптори хиерархиското управување на организациите, управување со процесот става акцент на мерење, анализа и подобрување на сите (хоризонтална и вертикална) елементи на бизнисот.

Воспоставувањето на конкретни, мерливи, остварливи, реални и временски одредени (S.M.A.R.T.) цели даваат основа за процесот на контрола, која има за цел ефикасно работење, посветеност на целите и достигнувањата, зголемената свест и важностаи на сите ресурси на организацијата.

consalting

Хиерархиската организација на работењето ги има следните недостатоци:

  • Нејасна слика на целиот процес и нивната улога во него

  • Слаби хоризонтални и вертикални канали за комуникација

  • Насоченост на функционалните односи и релации

  • Постоењето на тесни грла и бариери

  • Неподготвеност на промени

  • Промените во организацијата обично немаат очекувано влијание на резултатина работењето како целина.

shutterstock_93224269

Спротивно на тоа, управувањето на деловните проеси значи премсетување на фокусот на важните активности и ресурси на компаниите како што е стратегијата, човечките ресурси, финансиските аспекти, управувањето со материјалните ресурси, интелектуалните можности, податоците и информациите и на многу други подрачја.

Предности од воведувањето на управувањето со деловните процеси се:

  • Системски управување со процесите
  • Зголемување на квалитетот на процеси, производите или услугите
  • Оптимизарање на траењето на процесите
  • Помалку време за обука на вработените / намалување на трошоците
  • Поголема посветеност кон задоволството на клиентите
  • Зголемена способност да се предвиди ситуацијата и планирање

“You are surrounded by simple, obvious solutions that can dramatically increase your income, power, influence and success. The problem is, you just don’t see them.”